Достапни линкови

„Ендевор“ лансиран на претпоследна вселенска мисија


Американскиот спејс шатл „Ендевор“ денеска беше лансиран од вселенскиот центар во Флоруда, на претпоследната вселенска мисија на НАСА. Шатлот се упати кон Меѓународната вселенска станица под команда на астронаутот Марк Кели. Мисијата трае 16 дена. Лансирањето на „Ендевор“ требаше да се случи минатата недела, но беше одложено поради технички проблеми со моторот на вселенското летало.
XS
SM
MD
LG