Достапни линкови

Нема регулатива за лицата со ХИВ/Сида во Македонија


Република Македонија ги има потпишано сите меѓународни конвенции кои се правно обврзувачки за правата на лицата со ХИВ/СИДА, но нема регулатива која се однесува нив. Ова се наведува во анализата на законодавството поврзано со ХИВ/СИДА од аспект на човековите права, која денеска ја презентираше националниот експерт Неда Милевска-Костова. Ваква анализа имаат изработено сите земји во регионот. Извештаите од сите земји ќе бидат доставени во Обединетите нации. Во Македонија во 2010 година вкупно 134 лица се регистрирани како ХИВ позитивни. Од нив 99 се случаи на СИДА од кои повеќе од половина се веќе починати.
XS
SM
MD
LG