Достапни линкови

logo-print

ДЗС доби понуда за два американски хеликоптери


илустрација

илустрација

Дирекцијата за заштита и спасување доби понуда за подарок на два хеликоптерa од институција од САД, информира денеска директорот на Дирекцијата Шабан Салиу. На одбележувањето шест години од основањето на Дирекцијата тој посочи дека информацијата треба да помине на Влада и доколку таа оцени дека е оправдана донацијата првиот хеликоптер може да го добијат за еден месец. „ДЗС ќе има одлична улога во спасувањето, бидејќи хеликоптерите ќе бидат опремени со најсофистицирана опрема за прва медицинска помош, ќе послужат за евакуација и заштита од несреќи на планини и од пожари“ рече Салиу.
XS
SM
MD
LG