Достапни линкови

Талибанците ја превземаа одговорноста за убиството на саудиски дипломат


Талибанските милитанти во Пакистан ја превземаа одговорноста за убиството на дипломат од Саудиска Арабија во Карачи. Портпарол на милитантите во изјава за новинските агенции се закани дека нападите ќе продолжат се` додека Америка не престане со офанзивата врз Ал Каеда. Шефот на полицијата во Карачи претходно изјави дека дипломатот загинал откако вооружени напаѓачи отвориле оган врз неговиот автомобил утрово. Убиството се случува два дена откако неидентификувани напаѓачи фрлија гранати врз конзуларното претставништво на Саудиска арабија. Никој не беше повреден во тој напад.
XS
SM
MD
LG