Достапни линкови

Дали на референдум би подржале промена на името? Тоа е прашањето во нашата рубрика Хајд Парк. И нормално, коментарите дијаметрално спротивни.

Значи, дефинитивно, темата за името е најчувствителната, што е и разбирливо затоа што о изминативе 4-5 години се издигна на ниво на патриотско - да се биде или не. И луѓето реагираат во зависност од тоа кој какви, да кажам, сигнали или сознанија, ако сакате, примиле и како ги разбрале. Значи, новото прашање во Хајд паркот е прилично провокативно и хипотетичко: Дали на референдум би поддржале промна на името?

Редовниот слушател 3Г од Ливерпул веднаш вели „Не“. Тој смета дека референдум им треба на оние кои се избрани не само да одлучуваат во името туку и во интерес на народот, ама тие поради нивната расипаност и да се ослободат од одговорноста веќе се со отворена намера да го сменат името. Слушателот потпишан како 3Г предлага следното прашање на Радио Слободна Европа да биде: Дали промената на името без референдум би предизвикало немири и дестабилизација во Македонија??

Трпе од Скопје пишува дека не е спорно како мнозинството граѓани ќе се изјаснат на едно такво дебилско, глупаво прашање што може, вели, само политиката да го измисли: Референдум е губење време, пари и можности. На Македонија сериозно многу и недостигаат сите три, категоричен е Трпе.

Погледнете ја анкетата и коментирајте овде.



Горан од Крива Паланка е категоричен: Кога ќе дојде време ќе излезам и ќе кажам не. Доколку исходот на референдумот значи неменување на името, по автоматизам тоа треба да значи ставање мораториум по тоа прашање најмалку 100 години. Горан исто така смета дека оние кои сметаат дека не треба да има референдум и власта треба да одлучи во нивно име всушност се дистанцираат од одговорноста и од правото да одлучуваат, а згора на тоа, обвинуваат дека некој друг немал храброст и одговорност да одлучува наместо нив. Тоа е чисто лицемерие, коментира Горан.

Јован (не)Крстител смета дека со референдум ќе им се олеснела маката на оние, вели, што 20 години ни ја дерат кожата: ВМРО и СДСМ. Сами нека си менуваат име и нека не се кријат зад народот. Дејан од Скопје го избира Јована да понесе одговорност и таму да се бори и за него, а не кога е густо да ме прашуваш како граѓанин што мислам. Ги избравме и сега нека стиснат.

А референдум НИКАКО, извикува Дејан. Не сакам да бидам дел од „сите тоа го избравме“, туку тоа нека го направат оние во чии раце е власта. Само бенефиции, а, а одговорност не? За тоа веке нема будали, категорично коментира Дејан од Скопје.

Трајко од Велес, пак, прашува дали некој политичар кој најголем рејтинг постигнал со патриотизмот, би имал храброст да излезе пред народот и да каже, ајде да го менуваме името?
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG