Достапни линкови

Во Турција е намалена невработеноста за 600 илјади лица


Премиерот Реџеп Таип Ердоган

Премиерот Реџеп Таип Ердоган

Невработеноста во Турција е намалена на 11,5 насто во периодот јануари-март 2011 година од 14,4 во истиот период лани.
Бројот на невработени е намален за 600 илјади луѓе за една година и сега е 2,9 милиони луѓе, соопшти Националниот институт за статистика.
БДП е зголемен до 8,9 отсто во 2010 што е над анализите на Валдата. Турција има едно од највисоките нивоа на економски раст во светот.
Според експертите, сепак реалното ниво на невработеност е околу 20 отсто бидејќи официјалните податоци се без реална состојба во сектори или социјални категории кои се надвор од официјалната статистика.
XS
SM
MD
LG