Достапни линкови

Најмалку 12 загинати во судирите на израелските граници


Најмалку 12 лица загинале во вчерашните судири меѓу израелската војска и арапските демонстранти, кои со протести на трите граници на Израел го одбележувале палестинскиот ден на жалост поради поразот од еврејската држава во 1948 година. Најсериозниот судир се случил на границата со Сирија, каде што повеќе илјади демонстранти ја поминале оградата на Голанската висорамнина. Израелската војска соопшти дека војниците отвориле оган за да ги запрат, при што загинале четири лица, а неколку десетици биле повредени.
Израел го обвини Дамаск дека го поттикнува насилството за да го оттргне вниманието од акциите на сириските власти врз демонстрантите кои протестираат против претседателот Башар ал Асад.
XS
SM
MD
LG