Достапни линкови

Евакуација од поширока зона околу Фукушима


Јапонските власти вчера почнаа да го евакуираат населението од зона поширока од онаа што досега беше прогласена за ризична поради нуклеарната катастрофа во Фукушима, а беше ограничена на растојание од 20 километри од централата. Околу 4 илјади жители на неколку населени места што се наоѓаат во појасот од 30 километри од нуклеарката, почнаа во групи да се селат во хотели, јавни сместувалишта и во други капацитети во околните градови. Како што јавија агенциите, овие места поради ветровите во тој регион, постојано биле изложени на големо количество радиоактивни супстанции, па затоа властите донесле одлука за заминување на населението.
XS
SM
MD
LG