Достапни линкови

logo-print

Растурени протести во Мароко


Очевидци тврдат дека безбедносните сили растуриле про-демократски протест во Мароко денеска во предградието на Рабат. Неколкумина се повредени. Демонстрантите се собрале околу владин објект за кој тврдат дека е таен владин затвор. Неколку организации за човекови права меѓу кои и меѓународната „Амнести Интернешнл“ исто така тврдат дека злоупотреби се случуваат во тајна затворска институција.
XS
SM
MD
LG