Достапни линкови

Израелската војска се судри со палестински демонстранти


Најмалку четворица загинаа а десетици се повредени во два инциденти меѓу излраелските вооружени сили и палестински демонстранти денеска. Израелските медиуми јавија дека војската стрелала кон група демонстранти кои безправно влегле на израелска територија од Сирија, при што четворица биле убиени. Во друг инцидент, војската стрелала во воздух со цел да ги избрка палестинските демонстранти кои протестирале крај границата со Либан. И двата инциденти се случија на денот кога Палестинците го одбележуваат „Накаба“, термин кој во превод значи „катастрофа“, што според нив е денот кога била формирана државата Израел во 1948 година.
XS
SM
MD
LG