Достапни линкови

logo-print

Апсењето на шефот на ММФ нема да влијае на Грција?


Апсењето на извршниот директор на Меѓународниот монетарен фонд Доминик Кан би можело да го одложи усвојувањето на програмата за помош на Грција, но тоа нема да влијае на решеноста на Атина да продолжи со реформите, изјави висок грчки владин претставник, пренесоа медиумите. Новинските агенции ја цитираат изјавата на неименуван високорангиран претставник на грчката влада кој тврди дека денешниот настан може да предизвика извесно одлагање на краток рок, но нема да ја промени политиката на ММФ кон Грција. Американските власти покренаа обвинение за обид за силување против првиот човек на меѓународниот монетарен фонд. Законската постапка следи по обвинениата на 32 годишна вработена во хотелот „Менхетн“, каде Кан престојувал во апартман за кој се плаќа 3.000 американски долари за вечер. Портпарол на полицијата во Њујорк потврди дека шефот на меѓународната организација нема дипломатски имунитет.
XS
SM
MD
LG