Достапни линкови

Американскиот сенатор Кери во посета на Пакистан


Американскиот сенатор Џон Кери денеска треба да пристигне во Пакистан на разговори со тамошните власти по убиството на лидерот на терористичката Ал Каеда Осама бин Ладен. Дипломатски извори потврдија дека Кери ќе се сретне со претседателот Асиф Али Зардари, премиерот Русуф Раза Гилани и други претставници на пакистанскиот државен врв. Посетата се случува во услови на заострени односи меѓу двете земји по американската воена операција во која беше убиен бин Ладен. Веројатно е дека после Кери, американскиот државен секретар Хилари Клинтон ќе ја посети земјата.
XS
SM
MD
LG