Достапни линкови

Хокеарската репрезентација на Чешка очекува бронза по натпреварот со Русија


Хокеарската репрезентација на Чешка денеска ќе го одигра последниот натпревар од оваа сезона. На Светското првенство во хокеј кое се одржува во словачкиот главен град Братислава, Чесите ќе „си ги одмерат“ силите со руската репрезентација, а победникот ќе го освои бронзениот медал. Чешкиот хокеј-тим по седум победи на турнирот, не успеа да ја совлада репрезентацијата на Шведска во полуфиналето. „Се уште чувствуваме разочарување, но мораме да го надминеме тоа. Се уште сме во игра за медал и сакаме да се избориме за него“ изјави тренерот на националниот хокеј-тим на Чешка, Алоис Хадамчик.
XS
SM
MD
LG