Достапни линкови

logo-print

Убиен милитант во Таџикистан


Властите во Таџикистан соопштија дека убиле милитант кој организирал масовно бегство од затвор минатата година. Извори од Министерството за внатрешни работи потврдија дека Јума Иброхимов и неговиот соучесник биле убиени во саботата во долината Рашит. Иброхимов беше осуден на казна затвор поради инволвираност со забрането исламистичко движење, кое се смета за терористичка организација. Тој, заедно со уште 25 затвореници избега од затвор во август 2010 година. Власта во Таџикистан повторно уапси или уби голем дел од избеганите затвореници.
XS
SM
MD
LG