Достапни линкови

logo-print

Апел за спречување на злоупотребата на визната либерализација


Тања Фајон

Тања Фајон

Земјите од регионот на Западен Балкан треба да направат многу повеќе за да ја спречат злоупотребата на визната либерализација, изјави европратеникот Тања Фајон во интервју за новосадскиот весник „Дневнк“. „Не остана многу време за подобрување на состојбата. Реално е да се очекува Советот на министри на ЕУ во јуни да утврди механизам за привремена суспензија на визната либерализација“ оценува Фајон.Спроред неа, колку време таа суспензија ќе бида активна ќе зависи од однесувањето на земјите во регионот. Фајон вели дека по ставањето на Македонија, Србија, Црна Гора, а подоцна и на Албанија и БиХ на „белата шенген листа“, се појавиле криминални мрежи кои организираат патувања на лажни азиланти во земјите на ЕУ.
XS
SM
MD
LG