Достапни линкови

Меѓународни критики за белоруските власти


Белоруските власти се соочуваат со меѓународни критики по затворањето на поранешниот кандидат за претседател Андреј Саникау, кој поради обвиненија за учевство во ланските протести по изборите отслужува казна затвор во времетраење од пет години. Британија ја нарече пресудата „нов пад на владеењето на правото во Белорусија“, додека Соединетите американски држави сметаат дека Саникау и други политички фигури во земјата се политички затвореници. Одбраната на опозиционерот најави жалба на одлуката на судот во Минск, неколку дена пред судењето на сопругата на Саникау, новинарка соочена со слични обвиненија.
XS
SM
MD
LG