Достапни линкови

Прослави и стравувања за азербејџанската победа на Евровизија


од синоќешните прослави во Баку

од синоќешните прослави во Баку

Жителите на Азербејџан ја прославуваат првата победа на „Евровизија“. Медиумите јавуваат дека станува збор за „голема победа за азербејџанската култура“, откако вчеравечер во Германија дуото познато како Ел/Ники го освои мнозинството гласови. Сепак, постојат и стравувања дека зголеменото внимание за настанот може да го открие репресивниот политички режим во земјата како и слабото почитување на човековите права. Полицијата пред неполни два месеци интервенираше за разбивање на анти-владини протести. Следниот избор на песна на Евровизија ќе се одржи догодина во главниот град Баку.
XS
SM
MD
LG