Достапни линкови

logo-print

Голем пожар во станбена зграда во Охрид


Голем пожар вчера попладнето зафати неколку станови во зграда во охридската населба Далјан. Пожарот го предизвикало душевно растроено лице, инаку добро познато во Охрид како нестабилна личност, кое повеќепати било лекувано во Душевната болница во Демир Хисар. Жителите на опожарената зграда се гневни на државните институции што ништо не преземале за нивна лична и за заштита на нивниот имот, оттаму што лицето што го предизвика синоќешниот пожар предизвикувал инциденти и во минатото, дури и отворено заканувајќи се дека ќе ги запали неговите соседи. Предизвикувачот на пожарот е приведен, материјалната штета предизвикана со пожарот не е мала, а оштетените станари очекуваат реакција на надлежните институции.
XS
SM
MD
LG