Достапни линкови

logo-print

Од полноќ почнува предизборната кампања


На полноќ официјално стартува кампањата на политичките партии и другите учесници на предвремените парламентарни избори што ќе се одржат на 5 јуни. Партиите, колициите и независните кандидати кои се пријавија за учество на изборите, во наредните 20 дена ќе можат да ги претстават своите програми пред електоратот и да образложат зошто ја бараат довербата од граѓаните. Кампањата ќе трае до 3 јуни во 24:00 часот. Денот пред гласањето е изборен молк. Гласачките места на 5 јуни ќе бидат отворени од 7 до 19 часот. Граѓаните ќе можат да избираат меѓу 18 кандидатски листи што ги потврди Државната изборна комисија. Изборите ќе бидат спроведени според пропорционалниот модел во шест изборни едниници на територијата на Република Македонија и три за македонските граѓани кои живеат надвор од држава. Право на глас имаат 1,835 милиони граѓани на Република Македонија евидентирани во Единствениот избирачки список.
XS
SM
MD
LG