Достапни линкови

Традиционална автомобилистичка ридска трка на Водно


На ридската патека Водно – Скопје, од хотелот „Панорама“ до хотелот „Водно“, денеска ќе се одржи традиционалниот ридски натпревар во автомобилизам. Трката и годинава, по 33-ти пат, ја организираат Град Скопје, АКК „Проспорт“ и АК „Перформанс“. Почнува во 11 часот, а по завршувањето, во 16 часот, ќе бидат објавени официјалните резултати, додека во 17 часот, ќе бидат доделени и наградите за најдобрите. Пријавени за учество се вкупно 42 натпреварувачи, од Босна и Херцеговина, Бугарија, Македонија, Црна Гора, Словачка и Србија.
XS
SM
MD
LG