Достапни линкови

logo-print

ОН: Решение за кипарското прашање до средината на следната година


Обединетите нации сакаат кипарското прашање да се реши до средината на следната година, кога Република Кипар треба да го преземе шестмесечното претседавање со Европската унија. „Ние не поставуваме крајни рокови за постигнување на договорот, но се залагаме да се усвои акционен план и решението да се пронајде пред Република Кипар да ја преземе фукцијата претседавач на ЕУ, кон средината на 2012 година“ изјави Александар Даунер, специјален советник за Кипар на генералниот секретар на ОН, Бан Ки-мун. Преговорите, кои се водат со години, западнаа во криза поради несогласувањето на кипарските Грци и кипарските Турци околу враќањето на грчките имоти и утврдувањето на суверенитетот на заедничката држава.
XS
SM
MD
LG