Достапни линкови

logo-print

Русија да се вклучи во изградбата на антиракетен систем, бара Медведев


Рускиот претседател Димитриј Медведев изјави дека системите за заштита на Европа од ракетни напади може да бидат неефикасни и да се претворат во закана за стабилноста, доколку Русија не е вклучена. Од Кремлин соопштија дека Медведев испратил допис до НАТО во кој се вели дека систем за антиракетна одбрана би можел да биде ефикасен само доколку Русија рамноправно учествува во изградбата. Писмото на Медведев следи во услови на руска нетрпеливост поради слабиот интерес на Алијансата за предлозите на Москва за подобрување на безбедноста.
XS
SM
MD
LG