Достапни линкови

Папандреу: Приватизацијата е главен приоритет на грчката влада


Приватизационата програма на грчката Влада за собирање средства за исплаќање на долгот е главен приоритет, изјави грчкиот премиер Јоргос Папандреу во интервју за италијанскиот весник „Кориере дела сера“. Папандреу ги наведе мерките, кои веќе се преземени за подобрување на државните финансии, вклучувајќи ги и намалувањето на средствата за државниот сектор и либерализацијата на економијата. Тој додаде дека се подготвува и обемен план за приватизација. „Во почетокот приватизациите не беа приоритет. Сега сепак тие се на прво место во програмата. Ќе докажеме дека сме способни да ги исплаќаме своите долгови со серија проекти за развој“ рече грчкиот премиер.
XS
SM
MD
LG