Достапни линкови

Во Иран одложено извршување на казна ,,око за око,,


Судската казна ослепување на човек кој фрли отровна киселина врз неговата колешка на универзитетот во Техеран е одложена. Казната требаше да биде извршена денеска во судската болница во иранскиот главен град. Маџид Мовахеди беше осуден на целосно ослепување поради тоа што 2004 година и фрлил киселина на Аменех Бахрами која претходно ги одбивала неговите понуди за брак.
XS
SM
MD
LG