Достапни линкови

logo-print

Пакистан не сака напади на САД на своја територија


Парламентот на Пакистан денеска побара крај на нападите со американски беспилотни летала на пакистанска територија, како и независна истрага за нападот на американските командоси во кој во близина на Исламабад беше убиен лидерот на Ал Каеда Осама бин Ладен. Нападите мора да запрат или во спротивно Пакистан ќе преземе неопходни мерки, меѓу нив и повлекување на согласноста за транзит и снабдување на НАТО силите во Авганистан.
XS
SM
MD
LG