Достапни линкови

Гадафи: НАТО не може да ме погоди


Либискиот лидер Моамер Гадафи

Либискиот лидер Моамер Гадафи

Либискиот лидер Моамер Гадафи изјави дека се наоѓал на место каде што НАТО бомбите не можат да го погодат. На аудио снимка емитувана на државната телевизија нападот на НАТО врз неговото седиште во Триполи го нарече кукавички. Либискиот лидер во кратката снимка додаде дека сака да ги увери своите сограѓани оти бил добро и оти живеел во срцата на милиони луѓе. НАТО соопшти дека Гадафи не e цел на нападите на Алијансата. Пред емитувањето на снимката, портпаролот на либиската влада Муса Ибрахим изјави дека НАТО извршил напад во градот Брега при што загинале 11 имами, додека 50 други биле ранети. НАТО во последните два дена ги интензивира воздушните напади врз Либија.
XS
SM
MD
LG