Достапни линкови

Груевски се изјасни за случајот „уценети административци“


Премиерот Груевски, во врска со скандалот со административците, уценети дека ќе ги загубат работните места доколку не регрутираат најмалку петнаесет гласачи за владејачката партија на престојните избори. соопшти дека власта нема да имa милост кон сите оние што на каков било начин вршат притисок врз гласачите.
„Она што ние го порачуваме како партија, како Влада, како институции - е дека никој не смее да го прекршува законот во никој дел, ниту во заплашување, а уште помалку со какви и да се притисоци, дури иако е член на ВМРО-ДПМНЕ.
.Досега ние немаме најдено конкретни личности, ниту од ВМРО-ДПМНЕ, ниту од други партии за кои се обезбедени судски докази. За оние што, сепак, ќе има судски докази, ќе се најдат на суд, секако доколку такви ги има“ изјави премиерот Груевски.
XS
SM
MD
LG