Достапни линкови

logo-print

Еврозоната со подобар раст од САД во првите 3 месеци на 2011


Економскиот раст во Еврозоната во првото тримесечие годинава е 0,8 насто, за разлика од поразувачките резултати од последниот квартал на 2010 година кога порастот беше 0,3 насто, објави денеска Евростат.
За споредба, според Евростат, порастот на економијата во САД за првите три месеци од годинава изнесува 0,4 проценти. Добрите резултати на Германија која во првите три месеци го зголеми БДП за 1,5 отсто не беа очекувани, соопшти Евростат.
Изненадување е и резултатот на Грција, која во првите три месеци забележа зголемвуање на БДП за 0,8 отсто што е прв раст од четвртиот квартал во 2009 година. Сепак овој резултат на Атина не може да се прифати како сигнал за постојан пораст, коментираат аналитичарите.
XS
SM
MD
LG