Достапни линкови

ЕУ, НАТО,ОБСЕ и САД бараат демократски избори во Македонија


Шефовите на мисиите на ЕУ, НАТО, ОБСЕ и САД денеска се сретнале со премиерот Никола Груевски, со кој разговарале за претстојните парламентарни избори и од кого, како и од сите други политички лидери со кои имале средби, побарале да се преземе се тие да се одржат по утврдените демократски стандарди.
- „Ние ги поттикнуваме сите одговорни политички чинители да преземаат се што е во нивната моќ за да осигураат дека изборите се во согласност со утврдените меѓународни демократски стандарди и дека се одвиваат без заплашување и насилство. Го поздравуваме Кодексот на однесување за слободни и фер избори потпишан од страна на политичките партии на 12 мај, како и сите други обврски од тој аспект“, се вели во денешната заедничка пимена изјава на шефовите на овие мисии.
Во неа се истакнува оти тие ја поттикнуваат Владата и другите релевантни институции да осигурат дека изборниот процес ја има довербата на сите политички партии и пред се, на граѓаните, кои, како што се додава, ги охрабруваат да го искористат своето демократско право на денот на изборите.
XS
SM
MD
LG