Достапни линкови

Русија домаќин на светското првенство во хокеј во 2016-та


Русија, односно градовите Москва и Санкт Петерсбург ќе бидат домаќини на светското првенство во хокеј во 2016-та година. На конгресот на Меѓународната хокеарска федерација, што се одржа денеска во Братислава, Русија го доби шамионатот откако Данска и Украина ги повлекоа кандидатурите. На конгресот во Братислава присуствуваше и рускиот премиер Владимир Путин во знак на подршка на кандидатурата на Русија. Инаку, на сегашното светско првенство во хокеј, што се игра во Словачка, денеска во полуфиналето играат Чешка против Шведска и Русија против Финска.
XS
SM
MD
LG