Достапни линкови

Либиските бунтовници бараат легитимитет во Белата Куќа


Махмуд Џибрил

Махмуд Џибрил

Делегација на либиските бунтовници ќе се сретне со високи преставници на Белата Куќа во Вашингтон. Белата куќа соопшти дека шефот на Националниот Транзиционен Совет Махмуд Џибрил ќе се состане со советникот на Претседателот Барак Обама Том Донилон и други преставници на администрацијата.
Бунтовниците бараат подршка и дипломатски легитимитет во борбата против Моамер ел Гадафи. Џибрил изјави дека САД треба да ги ослободат замрзнатите милијарди долари и да го признаат бунтовнилкото движење како легитимна влада. Бунтовниците го контролираат Бенгази и истокот на земјата.
XS
SM
MD
LG