Достапни линкови

logo-print

Истражување - Тешка социјална клима во Грција


Протести во Атина на 11 Мај 2011

Протести во Атина на 11 Мај 2011

Околу 83 проценти од Грците оцениле дека работите во државата се движат во погрешна насока, 48 отсто дека државата функционира полошо, 66 проценти предвидуваат социјални немири во блиска иднина, а 47 отсто сметаат дека ситуацијата во следните пет години ќе се влоши.
Ова се наведува во истражувањето на Агенцијата Равни работи, кое укажува на тешка социјална клима, незадоволство и песимизам во Грција. Во однос на влијанието на политичките партии на изборите, истражувањето покажува предност од три проценти за владејачката ПАСОК пред конзервативната Нова демократија.
Според анкетата ПАСОК има 32 проценти од гласовите, Нова демократија 29 проценти, Комунистичката партија 12 проценти, а ЛАОС осум проценти.
XS
SM
MD
LG