Достапни линкови

Инциденти во Косово при посетата на Стефановиќ


Стотина демонстранти се судрија со косовската полиција во Приштина денеска, по пристигнувањето на српскиот претставник во преговорите со Косово, Борислав Стефановиќ. Приврзаници на движењето Самоопределување, фрлаа камења врз зградата на Владата по пристигнувањето на Стефановиќ кој треба да се сретне со косовскиот вицепремиер Хајредин Кучи. Најмалку четири луѓе се повредени кога полицијата почна со акција да ги растера насобраните.
XS
SM
MD
LG