Достапни линкови

logo-print

Орбан: Унгарија и Македонија не се ривали


Премиерите на Македонија и на Унгарија, Никола Груевски и Виктор Орбан, денеска во Скопје присуствуваа на македонско-унгарскиот бизнис форум во Стопанската комора на Македонија на кој беа претставени потенцијалите и можностите што ги нуди Македонија за странските инвеститори. „Република Македонија е отворена за унгарски инвестиции. Верувам дека денешниот бизнис формум ќе вроди со плод и конкретни договори за соработка меѓу стопанствениците од двете земји“ рече Груевски. Унгарскиот премиер Орбан нагласи дека Унгарија може многу да научи од даночната политика на Македонија. „Унгарија и Македонија не се ривали и треба да си помагаат во економскиот развој. Сметам дека потенцијалот на Македонија е во соработката со земјите од средна Европа кои пред кризата имаа најголем раст во рамките на Европската унија. Доколку нивниот раст беше помал кризата во Европа ќе настанеше многу порано“ рече Орбан.
XS
SM
MD
LG