Достапни линкови

logo-print

20 ГОДИНИ СЛОБОДНИ е мотото под кое, во сабота на неколку сцени во МКЦ ќе се одржи централниот настан за големиот јубилеј на култното скопско радио КАНАЛ 103.

Почнувајќи да зрачи програма на 1 мај 1991 година, КАНАЛ 103, во изминативе две децении надвор од државните регулативи и концесии, физички сместено во Јавниот радио-дифузен сервис, прерасна во самосвојно културно движење чија концепција беше и е да промовира музички вредности, прогресивна уметност и над се слободна мисла.

„Канал 103 одигра своевидна улога при распадот на Југославија, затоа што кога се рушеше таа држава се рушеше и системот на вредности и таа успеа да го пренесе највредното од македонската музичка сцена во новите времиња, времињата кои надоѓаа и врз тие темели да ја изгради и современата
Канал 103 одигра своевидна улога при распадот на Југославија, затоа што кога се рушеше таа држава се рушеше и системот на вредности и таа успеа да го пренесе највредното од македонската музичка сцена во новите времиња, времињата кои надоѓаа и врз тие темели да ја изгради и современата македонска музичка сцена.
македонска музичка сцена“, вели Игор Иванов Изи, еден од првата генерација на стотројкаши во која беа и Горан Путица, Златко Трајковски, Јово Брамс, Зоја Бузалкова, Александар Станковски, Јанко Илковски, Виктор Рубен, Ѓорѓи Јаневски, Тихомир Спировски, Мирко Попов и други.

Во оваа екипа речиси од самиот почеток беше и Горан Трајковски, кој наспроти активното членство во групите како МИЗАР и АНАСТАСИЈА, со сопствениот одбир на музика беше еден од оние кои значително влијаеја врз формирањето на севкупната звучна слика на радиото. Тој, откако ќе забележи дека КАНАЛ 103 беше ретка алтернатива не само во Македонија, на Балканот и во Европа, која што успеа и без да потклекне да си го обезбеди сопствениот опстанок, дополнува:

„Мене ми е драго што Канал 103 дава едно поинакво видување на стварноста, светот и околината околу нас, низ една музичка призма, но сепак видување.“

Од таму, сосема разбирливо е што Радиото кое го креираше духот не само на денешно урбано Скопје туку и воопшто на сите слободномислечки луѓе во земјава, 20 годишнината од своето постоење ја одбележува потпирајќи се на претставниците на македонската музичка сцена чија музика ја промовираше на својата програма. Така, на неколку сцени во МКЦ е планирано да настапат состави како МИЗАР, Т.Б,ТРАЧЕРИ, БЕЈ ДА ФИШ, СТРИНГ ФОРСИС, ЛЕГИЈАТА, Д ЏОН И ВСЕЛЕНСКИТЕ БУНТОВНИЦИ, МИЛКО, КАРТЕР и други.

Во пресрет на нивната свирка во предворјето на објектот ќе биде сторен и хепенингот на кој ќе музицираат повеќе од 16 инструменталисти во рамките на 1-2- 103-ОРКЕСТРА, во холот и во Галеријата ќе бидат поставени специјална изложба на фотографии и други документи и аудио инсталација, а предвидени се и повеќе пропратни перформанси и изненадувања.

Инаку, во функција на промовирање на овој настан беше емитувана серија емисии во кои говореа некогашните и сегашните соработници на радиото, а објавен е и манифестот на КАНАЛ 103 во кој меѓу другото е забележано:

Стотројка ги подржува и има обврска да ги промовира и помага сите прогресивни културни двиѝења. Сите групи и личности кои стремат кон подобрување на општеството, се додека нивниот ангажман и делување не бидат политички и економски мотивирани.

Стотројка, секојдневно и посветено, жестоко ќе се бори против кичот, невкусот, шундот, популизмот и ограничувањето на слободата.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG