Достапни линкови

Дневен печат


Печат, весници, магазини...
Печат, весници, магазини...

Случувањата околу изборите доминираат во дневните печатени изданија.

Од кои информации и да се почне прегледов: врти-сучи, случувањата околу изборите доминираат. И, простете на иронијава, по некој загинат работник на објектите на „Скопје 2014“, по некоја закана за новинари...

„Со закани за тужби се создава амбиент на страв и автоцензура“, насловува Утрински. И Вечер го објавува истото, но поинаку интонирано, дека владејачката партија ја замрзнала одлуката за нетужење, затоа што според Милошоски, дел од медиумите сакале да создадат алиби за изборниот пораз на Црвенковски и на неговата партија.

„Откако стана јасно дека ќе има предвремени избори, владините функционери нагласено се присутни на разни настани“, забележува Утрински, а дека изборниот караван тргнал предвреме забележува и Дневник.

Нова Македонија и Вечер се занимаваат со партиските листи за пратеници, па првиот нагласува дека „Манекенки и пејачи тргнале во лов на гласови“, а вториот дека „Земјоделката Ленче била на листата на СДСМ, а убавицата Чуприна на онаа на ВМРО-ДПМНЕ“.
Време пишува дека „ВМРО-ДПМНЕ е фатена во изборен криминал“, а Дневник, дека „Државната администрација се плаши од одмазда“.

Време го опсервира финансирањето на партиите особено на владејачката, при што наведува дека ВМРО-ДПМНЕ веќе истура милионски суми во официјално непочнатата кампања, а потеклото на парите воопшто не се знае ниту може да се дознае. Истиот весник претпоставува дека „Груевски изборно ќе го јава Александар“, со што ќе бил крунисан проектот „Скопје 2014“.

Скандалот што го откри А1ТВ дека владејачката партија со списоци бара од вработени во администрацијата и по училиштата да обезбеди секој по 15 до 30 гласачи секој медиум го обработува од свој агол на партиска приврзаност и уредувачко лавирање: Време пишува дека „ВМРО-ДПМНЕ е фатена во изборен криминал“; Дневник, дека „Државната администрација се плаши од одмазда“; Нова Македонија, дека „Обвинителот одговори на прилогот на А1“; Утрински порачува и прашува дали „Изборите се нокаутирани!?“, а Вечер пишува за контра-потегот на владејачката партија со истите обвинувања: „ВМРО-ДПМНЕ до обвинителството достави документи за изборни нерегуларности на социјалдемократите“ и дека „СДСМ нелегално врбува гласачи“.

Загинувањето на двајца работници на објектите на „Скопје 2014“, за
„Градбите мегаломански, животите минорни“ и „Евтини скелиња, евтин живот“.
жал, предизвика лавина реакции само во некои медиуми, кои во едно можат да се соберат под насловите на Утрински и на Дневник - „Градбите мегаломански, животите минорни“, и „Евтини скелиња, евтин живот“.

Утрински, дури објавува интересна информација дека „Скопје 2014“ ја позлатило фирмата Бетон. Имено, како најмногу ангажиран во изградбата на проектот за Скопје, „Бетон“, лани остварил нето добивка од над 200 илјади евра, што е раст од 250 отсто во однос на истиот период лани. Инаку, доминантен сопственик на „Бетон“ е бизнисменот Минчо Јорданов.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

XS
SM
MD
LG