Достапни линкови

Околу 250 илјади заболени од хипертензија во Македонија


Во Република Македонија околу 250 илјади лица се заболени од хипертензија, хронична состојба на покачен крвен притисок. Забележано е и зголемување на болеста кај деца, особено кај младите со зголемена телесна тежина и со бубрежни болести. Овие податоци денеска ги изнесе Македонската асоцијација за хипертензија по повод 17 мај - Светскиот ден на хиптертензијата кој во Скопје ќе биде одбележан со повеќе активности, со цел да им се укаже на граѓаните на превентивност од мозочен удар, срцеви и бубрежни заболувања преку контрола на крвниот притисок.
XS
SM
MD
LG