Достапни линкови

logo-print

Медведев и Зардари се заложија за подобра економска соработка


Рускиот претседател Димитриј Медведев денеска се сретна со неговиот пакистански колега Асиф Али Зардари во Москва. Медведев повика на развој на економската соработка. „Сметам дека нашите односи имаат добра иднина, но мора да ја интензивираме економската соработка. Имаме превземено одредени чекори во таа насока, но останува уште многу што може да се направи во многу области“ рече Медведев. Зардари изјави дека време е да се осознае важноста на соработката меѓу двете земји. Четиридневната посета на зардари во Русија следи по убиството на Осама бин Ладен во Пакистан.
XS
SM
MD
LG