Достапни линкови

Триесет политички партии потпишаа Кодекс за фер избори


Лидерите на 30 најголеми политички партии денеска потпишаа Кодекс на однесување за слободни и фер избори, што претставува почеток на кампањата за промоција на документот финансирана од УСАИД. Кампањата ќе се одвива под слоганот „Каков белег ќе оставиме?“. Директорот на НДИ Македонија Крис Хеншоу изјави дека денешното потпишување на Кодексот е позитивен почеток на кампањата, имајќи предвид дека документот го потпишаа сите лидери на најголемите политичи партии во земјата меѓу кои и Никола Груевски, Бранко Црвенковски, Али Ахмети и Мендух Тачи. На потпишувањето на Кодексот присуствуваа амбасадорите на САД и ЕУ, Филип Рикер и Петер Соренсен, како и други претставници на дипломатскиот кор и на невладините организации во земјава.
XS
SM
MD
LG