Достапни линкови

Договор за постојани гранични контроли во Данска


Националистичката Данска народна партија соопшти дека вчера потпишала спогодба со другите партии во владината коалиција за повторно воспоставување постојани гранични контроли за влез во таа земја. Во соопштението се наведува дека царинските и полициските контроли ќе бидат воведени поради порастот на криминалот предизвикан од отворените граници. Притоа се прецизира дека станува збор за источноевропски банди кои шверцуваат дрога, оружје и луѓе.
XS
SM
MD
LG