Достапни линкови

Инцко: референдумот закана за Дејтонскиот договор


Високиот претставник на меѓународната заедница во Валентин Инцко

Високиот претставник на меѓународната заедница во Валентин Инцко

Високиот претставник на меѓународната заедница во Валентин Инцко истакна дека БиХ е соочена со најсериозна закана за Дејтонскиот мировен договор од 1995 година и оти одлуката за одржување референдум во Република Српска претставува закана за темелите врз кои почива мирот во државата. Инцко вчера за време на разговорот со заменик државниот секретар на САД Џејмс Стајнберг во Вашингтон изјави дека седум месеци по изборите, се уште нема изгледи за формирање нова влада на државно ниво, а процесот на евроатлантска итеграција е спречен. Во минатиот месец Народното собрание на РС донесе одлука за одржување референдум, кој според Инцко, бил насочен против државните правосудни институции и овластувањата на високиот претставник.
XS
SM
MD
LG