Достапни линкови

logo-print

Индискиот премиер Синг во посета на Авганистан


Индискиот премиер Манмохан Синг и авганистанскиот претседател Хамир Карзаи

Индискиот премиер Манмохан Синг и авганистанскиот претседател Хамир Карзаи

Индискиот премиер Манмохан Синг ќе отпатува денеска во Кабул во дводневна посета, за да дискутира со тамошните власти за безбедноста и развојот на регионот. Според новинаската агенција ДПА, Синг ќе вети дополнителни 100 милиони долари помош за Авганистан. Индија е една од водечките земји донатори во Авганистан. Таа потроши околу 1,3 милијарди долари за обнова на земјата по соборувањето на Талибанците во 2001 година. Во пресрет на посетата на Синг, авганистанските разузнавачки агенти уапсија двајцата осомничени,кои планирале атентат на индискиот конзул во источниот дел на Авганистан. Авганистан и Индија постојано обвинуваат дека одредени пакистански елементи спонзорираат напади во нивните земји.
XS
SM
MD
LG