Достапни линкови

МНР и врачи протест на грчката амбасадорка


Александра Пападопулу

Александра Пападопулу

Македонското МНР денеска ја повика на разговор и и изрази усмен протест на шефот на Канцеларијата за врски на Република Грција во Република Македонија, амбасадорот Александра Пападопулу. Поводот, како што информира МНР, e вчерашниот инцидент во Солун, односно несоодветното однесување на грчката полиција кон генералниот конзул на Република Македонија во Грција Томислав Димитровски, поради наводно сторен сообраќаен прекршок. На амбасадорката и` било укажано на кршењето на Виенската конвенција.
XS
SM
MD
LG