Достапни линкови

ЕК со предлог за суспендирање на визната либерализација за Македонија и Србија


Тања Фајон

Тања Фајон

Европската комисија има предлог за суспендирање на визната либерализација за Македонија и Србија, а Европскиот парламент стравува дека земјите - членки на ЕУ можат да ги усвојат механизмите без консултација со нив. Според европратеничката Тања Фајон, известувач за укинувањето на визниот режим за земјите од Балканот, ситуацијата е алармантна поради бранот на имигранти кои доаѓаат од Србија, и посебно, вели, од Македонија. „Европската комисија подготви предлог за воведување на механизми за суспендирање на безвизниот режим. Тој предлог е ставен на маса по прв пат и поради тоа ситуацијата е алармантна“ изјави за Радио Дојче Веле, словенечката европратеничка.
XS
SM
MD
LG