Достапни линкови

logo-print

Турската влада најави изградба на два градови


Реџеп Таип Ердоган

Реџеп Таип Ердоган

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган објави денеска нов проект за изградба на два големи градови околу Истанбул со цел избегнување на опасности од евентуален земјотрес. „Ќе почнеме со изградба на два нови града во Истанбул по изборите на 12 јуни“ изјави Ердоган. Едниот град ќе биде во европскиот дел од Истанбул, а другиот во азискиот дел на градот. Секој ќе биде со население од околу еден милион жители. Според Ердоган тоа е начин да се спречи евентуален земјотрес да убие десетици илјади луѓе. Во Истанбул сега живеат околу 15 милиони луѓе. Градежните работи би требало да почнат во 2012 година.
XS
SM
MD
LG