Достапни линкови

ВМРО-ДПМНЕ – Подготвуваме многу тужби против А1


ВМРО-ДПМНЕ најави тужби против А1, по објавениот прилог за притисоци врз администрацијата.

Адвокатите на ВМРО-ДПМНЕ веќе работат на тужби против телевизијата А1 за објавување на прилогот во кој, со тајно снимање на телефонски разговори, новинарите откриваат притисоци врз јавната администрација да гласа за владејачката партија.
Во објавените разговори што го разбрануваа предизборието, новинарите на А1 лажно се претставуваат како припадници на ВМРО-ДПМНЕ и разговараат со, како што тврдат, раководители во јавни претпријатија и фондови, кои уверуваат дека обезбедиле по 15 или 30 сигурни гласачи за партијата.

Спиро Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ вели дека со тужбите ќе докажат дека
Aдвокатскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ подготвува голем број на тужби и сите оние коишто учествувале во овој монтиран процес, соодветно ќе треба да го докажат тоа пред надлежните инстанци.
„целиот овој монтиран процес е фарса“.

„Во конкретниот случај не би сакал да прејудицирам, но би сакал да ја информирам јавноста дека адвокатскиот тим на ВМРО-ДПМНЕ подготвува голем број на тужби и сите оние коишто учествувале во овој монтиран процес, соодветно ќе треба да го докажат тоа пред надлежните инстанци.“

РСЕ: Ако се утврди дека е автентично, дали ќе преземете мерки против луѓето што зборуваат, затоа што таму има луѓе кои велат дека се прават притисоци и со ин витно оплодување?

„Јас би сакал да причекаме да заврши целиот процес, а потоа да даваме дополнителни коментари“, вели Спиро Ристовски од ВМРО-ДПМНЕ

Главниот и одговорен уредник на А1, Младен Чадиковски, не е изненаден од тужбата и тврди дека може да ја докажат вистинитоста на нивните наводи.

Новинарите на А1 ТВ

„Апсолутно сме подготвени да ги докажаме нашите наводи, тонските записи се многу јасни, ние ги доставивме сите документи, вклучително и денеска до Јавното обвинителство, што значи дека оваа ситуација не може да не измести. Ние веруваме во тоа што го правиме, знаеме што правиме, ги запазивме сите новинарски принципи и стандарди, добивме поддршка и од ЗНМ, така што не ме чуди што ВМРО-ДПМНЕ тужи. Тие отстапија од многу свои принципи, отстапија и од овој кој што го промовиираа како некаков свој новитет.“
Апсолутно сме подготвени да ги докажаме нашите наводи, тонските записи се многу јасни, ние ги доставивме сите документи, вклучително и денеска до Јавното обвинителство, што значи дека оваа ситуација не може да не измести. Ние веруваме во тоа што го правиме, знаеме што правиме, ги запазивме сите новинарски принципи и стандарди.

Од никого нема амнестија за новинари


Членот на извршниот комитет на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, вчера соопшти дека партијата ја замрзнува одлуката да не тужи новинари.

Опозицискиот СДСМ, пак, никогаш немал генерална политика дека воопшто нема да тужи новинари. Потпретседателот на СДСМ, Гордан Георгиев, вели дека власта се обидува да ги подели новинарите, да ги купи новинарските куќи и со тоа од позиција на моќ да го девалвира новинарството.

„Во целиот тој контекст е многу тешко да се разграничи кои се професионални новинари, а кои се, како што ги нарекуваме, мегафони на власта, затоа не можам да кажам дека имаме генерална политика. Впрочем се виде и дека наводната генералната политика на ВМРО-ДПМНЕ да не тужи новинари падна во вода. Ние стоиме зад тоа дека за нарушувањето на угледот и честа на личностите, на политичарите, на било кој граѓанин, понекогаш за жал крајната мерка е одење на суд.“

Медиумските организации долго време ја посочуваа одлуката на владејачката партија да не тужи новинари како позитивна. Експертите, пак, често предупредуваат дека тужбите против новинари не смее да се претворат во заплашување и обид за цензура.
  • 16x9 Image

    Срѓан Стојанчов

    Новинарската кариера ја започна како новинар во внатрешно-политичката рубрика на дневниот весник Шпиц во 2008 година. Роден е на 27.10.1981г. во Скопје. Од февруари 2009 работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG