Достапни линкови

logo-print

Хрватската нуклеарка нова сопка во евроинтеграциите ?


Нуклеарката Кршко

Нуклеарката Кршко

Нуклеарната централа „Кршко“, која е во заедничка сопственост на Словенија и Хрватска, би можела да претставува нов „камен на сопнување“ за хрватската евроинтеграција, оцени лидерот на австриската десничарска партија Сојуз за иднината на Австрија, Гералд Грос. Членот на австриската парламентарна делегација, кој во понеделникот претстојуваше во посета на Загреб, изјави дека нуклеарката „Кршко“ претставува потенцијална опасност за Австрија, па затоа неговата партија ќе го услови членството на Хрватска во Унијата со хрватско повлекување од нуклеарката или со нејзино целосно затворање во договор со властите во Љубљана. „Австрија мора официјално да влијае врз Словенија и Хрватска за решавање на овој проблем“ рече Грос.
XS
SM
MD
LG