Достапни линкови

Брамерц: Клучот за апсење на двајца хашки бегалци е во Србија


Клучот за апсење на двајца хашки бегалци е во Србија и апсењето на генерал Ратко Младиќ нема алтернатива, изјави денеска главниот обвинител на Хашкиот трибунал, Серж Брамерц. Тој по средбата со српскиот претседател Борис Тадиќ рече дека верува оти двајцата хашки бегалци се наоѓаат во Србија. „Нема причина да не мислиме така. Сметаме дека клучот за апсење на Младиќ и на Горан Хаџиќ е во Србија“ рече Брамерц.
XS
SM
MD
LG