Достапни линкови

logo-print

Немири во Грција поради мерките за штедење


Грчката полиција употреби солзавец и звучни гранати врз група млади луѓе кои фрлале камења врз полицајците за време на протестите во Атина против мерките за штедење препорачани од ЕУ и ММФ. Засега нема информации за повредени и за апсења по судирите. Во Грција денеска е објавен 24-часовен штрајк a илјадници жители на земјата протестираат против мерките на штедење. Овој месец социјалистичката Влада планира да изврши нови кратења на трошоците, кои имаат за цел да заштедат 23 милијарди евра до 2015 година.
XS
SM
MD
LG