Достапни линкови

logo-print

Ленка: Секој осми ден гине по еден работник


Смртта на двајца работници за шест дена на објектите од проектот Скопје 2014 е најстрашен показател за катастрофалната состојба со работничките права во Македонија и, конкретно, со кршењето на одредбите од законите што се однесуваат на безбедноста при работата, се вели во соопштението на Движењето за социјална правда – Ленка. Според проценките на организацијата, лани секој 8 ден по еден работник го губел својот живот додека ги извршувал своите работни задачи.

„Ги повикуваме и сите работници што работат на објектите од проектот Скопје 2014 во најскоро време да организираат едночасовен прекин на работата“, се дополнува во соопштението.
XS
SM
MD
LG